Елтон Џон: Мајка ми беше социопат и насилно чудовиште (ФОТО)

инстаграм

Биографијата на Елтон Џон предизвика бурни реакции кај фановите, а се уште не е ни службено пуштена во продажба. Објавени се само некои детали од книгите, а во нив може да се прочита и како Елтон се борел со зависност која кај него ја предизвикала неговата мајка или како што тој вели, насилното чудовиште.

Во телевизиската емисија „CBS Sunday Morning” пејачот се осврна и на односот со мајка му која почина пред две години. Познато е како со неа не бил во најдобри односи, а сега откри и зошто.

– Никогаш не го сакаше мојот сопруг Давид и не можеше да не прифати. За среќа, никогаш не ги запозна моите деца бидејќи ќе ги критикуваше како и сите други. Не можеше да пронајде ништо убаво во работите. Таа беше тотален социопат, кажа отворено Елтон.

Исто така, Елтон признава дека токсичниот однос со мајка му го уништил уште во детството толку многу, што воопшто не бил сигурен дали би можел како таков, некогаш да изгради сопствено семејство.

View this post on Instagram

Holiday heaven ?? @davidfurnish

A post shared by Elton John (@eltonjohn) on

Но се чини дека ги победил своите демони и со својот партнер Давид Фурниш доби два сина, со помош на сурогат мајка. Тие се венчаа во 2014 година, веднаш откако хомосексуалниот брак стана легален во Велика Британија.

View this post on Instagram

Grazie Venezia ?????? @eltonjohn #SchoolHolidays

A post shared by David Furnish (@davidfurnish) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот