Елмас e шестиот Македонец со погодок во Серија А! (ВИДЕО)

фото: твитер

Првенецот нашиот фудбалски „Дијамант“ го имаше во понеделникот во важниот триумф на Наполи против екипата на Сампдорија (2:4).

Конечно го дочека и тој момент, Елиф Елмас го постигна првиот гол во најсилната италијанска фудбалска Серија А.

Елиф Елмас е шестиот Македонец кој реализираше погодок во Серија А, после Дарко Панчев, Горан Пандев, Агим Ибраими, Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Панчев тоа го правеше своевремено во дресот на Интер, потоа Пандев стрелаше за Лацио, Интер, Наполи, Џенова, Ибраими за Каљари, а Трајковски и Несторовски за екипата на Палермо.

Во понеделникот Наполи успеа да освои три важни бода на гостувањето кај Сампдорија (2:4), а Елмас придонесе со погодок во 16. минута за водство од 0:2.

Веднаш после одигрувањето на натпреварот имаше и порака до фановите на Наполи:

– Добра ноќ до сите. Напред Наполи секогаш! – беа зборовите на македонскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот