Елен Деџенерис ќе се збогува со своите гледачи: Дали токсичната работна атмосфера означи крај на едно од најгледаните ток-шоуа?

Instagram
Фото: Инстаграм/Профимедиа

Водителката Елен Деџенерис објави крај на емитувањето на нејзиното долгогодишно ток-шоу. Последната емисија ќе се емитува во 2022 година, а по 19 сезони истото ќе заврши.

„Колку и да е одлична оваа емисија и колку и да е забавна, едноставно не е предизвик повеќе за мене“, изјави водителката за „The Hollywood Reporte“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @infosseriesfr


Веста за крајот на снимањето беше објавена само неколку месеци откако поранешните вработени излегоа во јавноста со приказни дека шоуто е „токсично место за работа“.

После тоа, неколку вработени останаа без работа, а Деџенерис ја отвори тековната сезона со извинување во етерот. Шоуто се емитува од 2003 година и е едно од најпопуларните во САД, а притоа и најпознатите шоу – емисии во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotchka 2015 (@hotchka2015)


„Сакав да го завршам шоуто по 16-тата сезона. Требаше да биде моја последна сезона, но тие сакаа да потпишам договор за уште четири години. Реков дека ќе потпишам можеби уште една година. Тие не се согласија на една година, па најдовме компромис за три. Знаев дека ќе биде мојата последна сезона“, истакнала Елен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот