Експлозија во индонезиска топилница, загинаа 13 работници

Топилница за никел во Соровоко, Индонезија - Фотографија ЕПА, Маст Ирхам

Тринаесет работници загинаа и 38 се повредени при експлозија на печка во топилница за никел на островот Сулавеси во Индонезија.

Печката експлодирала при поправка и инсталирање плочи. Осуммина од загинатите работници се Индонезијци, а петмина се Кинези. Огнот бил изгаснат по четири часа.

– Според првичната истрага, поправката почнала иако на дното на печката останало количество експлозивен материјал. Првата експлозија предизвикала детонација на канистрите со кислород што се користат при заварување и за сечење на плочите – објави претставник на топилницата.

Индонезија е најголемиот светски производител на никел и добива инвестиции од милијарди долари откако владата во 2020 година забрани извоз на необработена руда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот