Експлозија во фабрика во кругот на поранешна „Железара“, тројца работници се повредени

Железара / Фото: МИА

Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна „Железара“ во Скопје, пишува во полицискиот билтен.

„Случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот