Експертите потврдуваат: Медитацијата помага во намалување на стресот и високиот крвен притисок

Фото: Pexels/ Gustavo Fring

Новите истражувања откриваат дека луѓето треба да медитираат околу 45 минути секој ден, за да го намалат високиот крвен притисок и стресот, пишува „Би-би-си“.

Други совети од „Меѓународното здружение за хипертензија“, за подобрување на вашето општо здравје, вклучуваат одвојување време за слушање музика, јога и вежбање свесност.

Утврдените медицински совети, дека треба да се откажете од пушењето и да ја намалите консумацијата на сол, сè уште се препорачуваат.

Но, експертите велат дека покрај докажаните совети, треба да се препорачуваат понови животни цели поврзани со „телото и умот“. Според предложената студија, која е објавена во „Џурнал од хајпертенжн“ („Journal of Hypertension“), има доволно научни докази за некои помалку традиционални пристапи.

Еден од авторите, британскиот експерт за крвен притисок, проф Брајан Вилијамс, во ексклузивно интервју за „Би-би-си“, вели дека овие совети можеби звучат нежно и не е толку динамично, како на пример земањето лекови, номедитацијата всушност прави важен придонес за намалување на ефектите од стресот врз кардиоваскуларниот систем, а доказите се сè повеќе.

„Има толку многу работи кои луѓето можат да ги направат за себе. Сите ние треба да направиме чекор наназад и да кажеме: Всушност, треба да можам да најдам половина час во денот за да имам малку време за себе, да се ослободам и само да се опуштам – без разлика дали се работи за слушање музика, одење на прошетка или одење во теретана и вежбање“, вели Вилијамс.

Фото: Pexels/ yan krukau

Високиот крвен притисок е водечка причина за прерана смрт

Високиот притисок и стресот го оптоваруваат срцето и крвните садови, што долгорочно може да доведе до срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Повеќе од милијарда луѓе или секој еден возрасен во светот има висок крвен притисок.

Експерти од 18 земји советуваат

Обидете се со медицински стратегии за уништување на стресот, како што се медитација, длабоко дишење, јога и свесност. Размислете за практикување благодарност со фокусирање на позитивни работи, за кои можете да бидете благодарни и правејќи дела на љубезност за да стекнете чувство на благосостојба. Опуштете се со смирувачка музика најмалку 25 минути, трипати неделно.

Професорот Вилијамс вели дека отстранувањето на вашиот ум од секојдневната работа има важен и кумулативен ефект против стресот врз вашиот ум и срце.

Други добри навики се да останете физички активни и да спиете доволно, може да користите фитнес апарати и апликации за да ги следите вашите чекори, спиење и напредок. Истражувањата сугерираат дека повеќето луѓе треба да се обидат да постигнат седум часа квалитетен сон, за да се обидат да ги намалат ефектите од стресот.

Тој додава дека упатствата за менаџирање на стресот и високиот крвен притисок се дизајнирани да нагласат дека може да се користи и похолистички пристап.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот