Експертите потврдуваат: Една од омилените игри на кучињата може да биде многу опасна за нивното здравје

Фото: Pexels / Jens Mahnke

Играњето со кучиња датира уште од почетокот на нивното припитомување и е забава која носи радост и на сопственикот и на миленикот. Фрлањето играчки, фризби, тениски топчиња и дрвени стапчиња се речиси незаменливи активности што ги правиме со нашите кучиња кога ќе излеземе во природа со нив.

Сепак, постојат ризици на кои го изложуваме нашето домашно милениче фрлајќи му дрвени стапчиња пишува „Петгајд“.

Можеби изгледа како безгрижна игра, но фрлањето дрвени стапчиња понекогаш може да предизвика сериозни, па дури и опасни по живот повреди.

Ветеринарите велат дека повредите од стап се изненадувачки чести. Експертите се согласуваат дека играњето со куче е од суштинско значење, бидејќи ги поврзува сопственикот и миленикот, а важно е и затоа што е убава активност, но истовремено предупредуваат на можни повреди на кучето и советуваат да ги замените дрвените стапчиња со соодветни играчки за кучиња.

Овие повреди може да се нанесат доколку си играте со дрвени стапчиња со вашето куче:

Повреди при фаќање

Ако кучето го престигне стапот и го фати во движење, постои ризик да го гризне крајот наместо странично, а парчиња од дрвото може да му се заглават во грлото.

Парчиња дрво

Малите парчиња дрво може да се заглават во устата на кучето или меѓу неговите заби. Не само што е болно, туку може да предизвика и инфекции. Ако кучето изеде парче дрво, може да се соочи со убоди кои ни  предизвикале внатрешно крварење или друго оштетување на дигестивниот тракт.

Исеченици или гребнатини

Додека кучето го фаќа или го зема стапчето, постои можност да добие исеченица или гребнатина во пределот на устата, особено ако стапчето има остри рабови.

Повреда од удар

Ако кучето налета на стапчето, може да се забие во некој дел од телото, најчесто во градите или грлото, што го зголемува ризикот од оштетување на органите и загуба на крв.

Опасност од гушење

Кога кучето џвака ги џвака стапчињата од дрво, често голта помали парчиња дрво  што се откинуваат, па тоа може да предизвикаат гушење.

Проблем со дигестивниот систем

Парчињата дрво што кучето ги проголтало не само што би предизвикале проблем, тие можат да предизвикаат целосен хаос со варењето во форма на блокада во желудникот или цревата, што е потенцијално фатална состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот