Експеримент во австралиско училиште завршил трагично, повредени неколку деца

Фото: EPA-EFE/DAVE

Научен експеримент во основно училиште во Сиднеј заврши трагично. Најмалку двајца ученици биле итно префрлени во болница поради сериозни изгореници, додека девет добиле површни изгореници, јавува Би-Би-Си.

Инцидентот се случил во државното училиште Менли Вест околу 13 часот по локално време. Според првичните извештаи, во експериментот биле користени натриум бикарбонат и метил алкохол. Фил Темплемен, менаџер за итни случаи во Нов Јужен Велс, рече дека ветерот ја предизвикал несреќата со ширење на некои од хемикалиите што биле користени.

На местото на несреќата се појавиле хеликоптери, болничари и противпожарни возила. Повредените деца се на возраст меѓу 10 и 11 години, а се здобиле со изгореници по целото тело, вклучувајќи го лицето, градите, долниот дел на стомакот и нозете, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“. Исто така, укажана е помош и на еден наставник поради полесни повреди.

Еден од сведоците на несреќата потврди дека наставничката излегла да разговара со група луѓе кои се собрале надвор. „Наставникот кој разговараше со нас рече дека тоа бил научен експеримент кој тргнал наопаку и дека се работи за некои хемиски изгореници“, рече сведокот Тајсон Аткинс.

Патем, популарен училишен научен експеримент, кој може да се најде на интернет наречен „Carbon Sugar Snake“, користи метил алкохол и сода бикарбона, познати и како натриум бикарбонат.

Ова вклучува мешање на шеќер со сода бикарбона, ставање мала количина од смесата во песок натопен со метил алкохол и запалување на смесата. Сепак, сè уште не е официјално потврдено кој експеримент е спроведен во овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот