Екипите досега спискаа милијарда евра за засилувања

Иако летниот преоден рок сè уште не е започнат, официјалниот старт е на 1 јули, тоа не им смета на поголем дел од екипите во Европа да се засилуваат. Засега најголем трошаџија е Реал Мадрид кој не сака да му се повтори изминатата сезона во која не освои ниту еден трофеј и затоа досега фрли 303 милиони евра за нови играчи.

„Кралевите“ ги направија трансферот на летото, за сума од 100 милиони евра плус дополнителни 40 милиони во дополнителни бонуси го купи Еден Азар од Челси. Покрај Азар, нови фудбалери на Реал Мадрид се и Лука Јовиќ (Ајнтрахт) кој дојде за 60 милиони евра, Едер Милитао (Порто) е купен за 50 милиони евра, Ферлан Менди (Лион) е ангажиран за 48 милиони евра, а за Бразилецот Родриго, Реал Мадрид на Сантос му исплати 45 милиони евра.

Вториот најскап трансфер е преминувањето на Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид во Баерн Минхен за 80 милиони евра. Германскиот тим одлучи летово да ја реновира одбраната и покрај Ернандез, нов играч е и неговиот колега од француската репрезентација, Бејнамин Павар кој дојде за 35 милиони евра од Штутгарт.

Трет најголем трошаџија е Борусија Дортмунд со потрошени преку 100 милиони евра. Борусија неодамна ги комплетира трансферите на Торган Азар (25.5 милиони евра), Јулијан Брандт (25 милиони), Нико Шулц (25.5 милиони), Пако Алкасер (21 милион), а пред реализација е и трансферот на Матс Хумелс од Баерн Минхен за 20 милиони евра.

Шпанскиот шампион досега потроши само 75 милиони евра за купување на Френки де Јонг од Ајакс но се очекува нејзин бум во јули кога е најавен трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид вреден 120 милиони евра. Тивки се исто така и големите англиски екипи кои вообичаено почнуваат во јули со големите трансфери. Затоа изненадувачки, најголем англиски трошаџија е Вулверхемптон кој потроши 50 милиони евра за ангажирање на Раул Хименез од Бенфика и Леандер Дендокер од Андерлехт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот