ЕК на 17 март ќе ја претстави „зелената електронска пропусница” за вакцинираните против ковид-19

Европската Kомисија (EK) ќе го претстави својот прв проект за пасоши за имунизација во Европската Унија (ЕУ) на 17 март, соопшти на брифинг во Брисел официјалниот портпарол на Комисијата, Ерик Мамер.

Тој објасни дека одлуката за нивна практична примена, вклучително и на меѓународно ниво, земјите-членки на ЕУ ќе ја донесат подоцна.

Мамер исто така истакна дека документот нема да се нарекува пасош, туку „зелена електронска пропусница”.

Земјите-членки ќе разговараат за усвојување на документот предложен од Европската комисија, но нема да ги дискриминираат граѓаните на ЕУ кои не се вакцинирани против коронавирусот.

На Самитот одржан кон крајот на февруари, европските лидери се согласија да продолжат да работат на создавање пасоши за имунизација во наредните месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот