ЕК: Имаме добра причина за блокада на извозот на вакцини кон трети земји

Портпаролите на Европската Комисија (ЕК) денеска повторно се објаснуваа пред медиумите за одлуката на Европската Унија (ЕУ) да се блокира извозот на вакцини кон трети земји, Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина.

Поради тоа што „АстраЗенека“ не ги почитува договорите склучени со ЕК и земјите членки на ЕУ, се активира механизмот за блокирање на извоз на дози кон трети земји, објасни Ерик Мамер, портпарол на ЕК.

– Јасно кажавме дека инсистираме „АстраЗенека“ да ги почитува своите ветувања, претседателката дури го назначи Тиери Бретон за да ги води дискусиите со компаниите, но ова не е прашање само на една компанија, туку на глобална рамнотежа помеѓу извозот и испораката на дози, нашата цел не е да блокираме за да блокираме туку за да се осигураме дека компаниите ќе испорачаат тоа што е предвидено во договорите, изјави Мамер.

Тој истакна, исто така, дека „АстраЗенека“ е „екстремно важна” во стратегијата на вакцинација на ЕУ, но и дека ЕУ има договори со голем број други компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот