Една свадба – седум погреби: Во Мејн од семејната веселба заразени 177 лица (ВИДЕО)

epa08626821 Afghan grooms attend a mass wedding ceremony in Kandahar, Afghanistan, 26 August 2020. A local NGO funded a mass wedding for 50 couples belonging to poorer classes. EPA-EFE/MOHAMMAD SADIQ

Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми.

На прославата присуствувале 65 лица додека максимално дозволен број поради пандемијата е 50 лица.

Венчавката се одржала на 7 август, со верска церемонија во баптистичка црква, а потоа и хотелски прием. Двете места се близу до живописниот град Милинокет со 4.000 жители во државата Мејн.

По 10 дена, 24 лица поврзани со настанот се заразени со коронавирус, а вчера беше објавено дека 177 веќе биле заразени и дека седум лица починале од Ковид-19.

Од починатите само еден не присуствувал на венчавката.

Истрагата укажала на неколку жаришта на зараза во државата. Меѓу нив, повеќе од 80 случаи се во затвор на 370 километри од местото на венчавката, на кое присуствувал припадник на обезбедувањето на затворот, 10 случаи се во баптистичката црква, 39 случаи и 6 смртни случаи се во  дом за нега на стари лица на 160 километри од Милинокет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот