Лијам Пејн / Фото: Profimedia

Една година по смртта на Лијам Пејн: Семејството на пејачот ќе донира пари за помош на деца заболени од рак

Во спомен на пејачот Лијам Пејн, кој трагично го загуби животот по пад од балкон, собрано е речиси 290.000 евра за помош на деца заболени од рак. Неговото семејство, наместо цвеќе, побара донации на погребот што се одржа во ноември минатата година – гест кој допре многумина низ светот, пренесуваат британските медиуми.

Собраните средства ќе бидат насочени кон финансирање на одделот во лондонската детска болница „Грејт Ормонд Стрит“, кој ги обединува најновите истражувања, современите третмани и стручната грижа за најмладите пациенти. Иако на страницата за донации е прикажан износ од нешто повеќе од 39.000 евра, вкупниот собран фонд достигнал речиси 290.000 евра, бидејќи најголемиот дел од донациите биле дадени приватно.

„Повеќето донации не се видливи за јавноста. Знам за најмалку две кои беа, благо речено, многу значајни“, изјавил извор близок до семејството.

Директорката за прибирање средства во болницата, Лиз Тејт, изразила огромна благодарност:

„Длабоко сме трогнати од великодушноста покажана кон болницата во спомен на Лијам. Секоја донација ни помага да направиме уште еден чекор кон создавање водечки светски центар за детски карцином – место на надеж што ќе ја гради иднината на грижата за болните деца и ќе спаси многу животи. Тоа е трајно наследство што ќе прави разлика со генерации“.

Пејн и за време на животот беше познат по своето големо срце. Во една пригода, за само една вечер, донирал околу 11.000 евра за помош на болно дете. Кога во 2022 година го прашале по што сака да го паметат, скромно одговорил:

Негов близок пријател подоцна открил дека желбата за помагање го следела до последен момент.

„Имаше пари и скапи работи, но секогаш сакаше да ги користи за добро. Дури и во неделите пред смртта, додека се бореше со своите демони, им помагаше на другите. Беше навистина посветен на тоа да биде добра личност – особено кога станува збор за децата“.

Лијам Пејн почина на 31-годишна возраст по несреќата што се случи во Буенос Аирес на 16 октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот