Едмонд Адеми: СДСМ е втора партија кај Албанците

Тој додаде дека СДСМ во своите редови има потпретседател Албанeц, има директори во разни институции, помеѓу нив е и директорот за финанциска полиција.

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, вели дека СДСМ е втора партија кај Албанците и дека подршката за оваа партија кај етничките Албанци продолжува да расте. Адеми вели дека подршката за СДСМ е зголемена бидејќи тие покажале како се градат мостови за соработка внатре и надвор од земјата.

– На Балканот имаше повеќе историја отколку иднина. Анкетите покажуваат дека СДСМ е втора партија кај албанците после ДУИ. Овa e резултатот од една анкета реализирана пред една недела, истражување направено од институт кој што е веродостоен и верувам дека овој електорат во периодот што доаѓа ќе се зголемува, изјави Адеми во интервју за „ABC News”.

Тој додаде дека СДСМ во своите редови има потпретседател Албанeц, има директори во разни институции, помеѓу нив е и директорот за финанциска полиција.

– И јас како Албанец кој доаѓа од редовите на СДСМ сум министер, не сум само јас претседател на комисијата за надворешна политика, претседателот за комисијата за финансии е Албанец во СДСМ, претседателката на комисијата за концептот едно општество за сите е Албанка, имаме тројца пратеници Албанци во редовите на СДСМ, така што СДСМ денеска е една граѓанска партија која што во себе има и Албанци, Македонци, Турци, Томи и од сите други етнички заедници, рече Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот