Единаесет од новозараените се од Липково, еден од Куманово

Куманово/ Фото: МИА

Директорот на центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот,  единасет лица се од општина Липково. Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа. Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.

Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.

Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.

-Маски, дезинфекција, миење раце, физичка дистанца, клучно е да се применуваат за да се заштитиме од вирусот, истакна Љатифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот