Еди Хау: Тонали многу страдеше, таа болест не престана со преселувањето во Англија

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Во текот на вчерашниот ден се појавија нови обвиненија за Сандро Тонали кој веќе одработува суспензија поради обложување на фудбалски натпревари. Тонали е суспендиран за обложување во Италија, но сега може да се соочи со дополнителен проблем бидејќи ФА отвори истрага за обложување и по трансферот во Њукасл.

Претходната казна на Тонали му е изречена од Италијанската фудбалска федерација, а сега може да биде казнет од англиската. Соменвањата се дека се обложил 50 пати откако пристигнал во Премиер лигата и поради тоа може да добие нова казна.

Во одбрана на италијанскиот фудбалер сега застана тренерот на Њукасл Еди Хау.

„Сандро навистина доволно страдеше. Болеста не престана кога се пресели во Англија. Луѓето не треба да гледаат така на тоа, а не само да го обвинуваме и казнуваме уште повеќе. Сметам дека тоа не води кон решавање од коренот на таквите проблеми“, изјави Хау.

Ново обвинение за италијанскиот фудбалер: Тонали се обложувал и во Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот