Еден смртен случај и еден новозаболен од Ковид-19 во Прилеп

 Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а еден пациент на 73-годишна возраст почина. Две лица оздравеле од оваа заразна болест.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во инфективното одделение во градската болница „Борка Талески”, а петмина се на лекување во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8-ми Септември” во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Поради неносење заштитни маски, на 18 граѓани им се изречени прекршочни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот