Еден повреден во сообраќајка близина на село Јосифово

S

Синоќа во 21.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат од село Пирава кон село Јосифово, валандовско, Г.Р.(37) од село Јосифово, управувајќи возило „фолксваген голф”, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.К.(42) од Јосифово, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот