Ед Ширан може да стане милијардер пред да наполни 30 години – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Ед Ширан може да стане милијардер пред да наполни 30 години

Приходите на 28-годишниот пејач од неговата турнеја „Divide“ се смета дека достигнале 493 милиони фунти (560 милиони евра).

На Ед Ширaн може никогаш повеќе да не му се наметнува да работи, откако стана јасно дека изведувачот на песната „Shape Of You“ може да стане милијардер пред да наполнил 30 години.

Приходите на 28-годишниот пејач од неговата турнеја „Divide“ се смета дека достигнале 493 милиони фунти (560 милиони евра). Турнејата има закажани 260 датуми за концерти во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Океанија и Африка.

Таа започна во март 2017 година, по излегувањето на неговиот албум „Divide“, кој предводеше на многу музички листи, и ќе трае до август, кога е последната фаза во Европа. Според богатата турнеја, прашање е на време клога Ширан ќе го достигне статусот на милијардер, според „The Sun“.

Според информациите концертите кои му претстојат на Ширан во следните три месеци, ќе ги зголеми приходите со 100 милиони фунти (113 милиони евра), што ќе го доближи уште повеќе до неговата прва милијарда.

– Човекот кој некогаш бил уличен музичар сега ќе стане милијардер. Пред сè, тоа покажува го потенцијалот на музиката во живо во денешно време“, вели експертот од музичката индустрија Марк Борковски за изданието.

– Музиката во живо денес генерира приходи. Музичкиот бизнис се развива, а екипата на Ширан дефинитивно знае што прави“, додава тој.

Само пред неколку недели Ед Ширан беше оценет под број 17 во рангирањето на најбогатите Британци на „Sunday Times“ со приходи од 80 милиони фунти (90 милиони евра) за 2018 година. Така тој ја претекна суперѕвездата Адел, која го освои 22-то место со вкупно богатство од 150 милиони фунти (170 милиони евра).

Богатството на Ширан проценето на 160 милиони фунти (181 милиони евра). Исто така, тоа не покажува знаци на забавување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close