ЕБОР позајми сто милиони евра на ЕСМ за побрза зелена транзиција

ЕБОР / Фото МИА

Преку заемот од 100 милиони евра што ЕБОР го обезбеди за АД ЕСМ ќе бидат поддржани финансиските трошоци за унапредување на процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори. Договорот за заем беше потпишан денеска во Министерството за финансии, со рок на отплата пет години со грејс период од шест месеци и со варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден отсто. Компанијата ќе биде корисник на средствата и ќе ги сервисира сите обврски, а државата ќе дава гаранција.

Како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими пред потпишувањето на Договорот, Владата со ова уште еднаш покажува дека има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза.

-Денес се обезбедуваат дополнителни 100 милиони евра, поддршка за ЕСМ. Се олеснува состојбата зашто 100 милиони евра нема потреба да се дадат од Буџетот, рече Бесими.

Тој потсети дека од 2020 – 2022 година Владата реагираше брзо за справување со кризите и одвои околу две милијарди евра. Во 2023 година, пак, нагласи Бесими, за поддршка на граѓаните и стопанството се предвидени 225 милиони евра.

-Овие 100 милиони евра од ЕБОР се плус планираните 225 милиони, потенцира Бесими.

Според директорот на ЕСМ, Васко Стефанов кој се заблагодари за поддршката од ЕБОР, АД ЕСМ продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“.

-Планирани се повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна. Поддршката и соработката со институции како ЕБОР се од клучно значење и ќе придонесат за побрза и полесна транзиција кон „зелената“ агенда со заложба за транзиција кон чиста енергија која има цел намалување на стакленичките гасови за 61 процент, потенцира Стефанов.

Освен Договор за заем, во Министерството за финансии беше потпишан и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.

На потпишувањето на договорите присуствуваа министерот Бесими, директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ Стефанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот