Е. Пелистер триумфираше над Целје Пивоварна Лашко и Сесвете

Јосип Периќ („Е. Пелистер“) беше најефикасен во победите над Целје и Сесвете/фото: РК Е. Пелистер

Е. Пелистер предводен од тренерот Жељко Бабиќ се наоѓа на подготовки (23-29 јануари) пред вториот дел од сезоната.

Хрватскиот стратег на битолската екипа ги повика Мартон Секељи, Марко Кизиќ, Филип Ивановски, Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески, Реиние Табоада, Немања Обрадовиќ, Дејан Кукуловски, Јосип Периќ, Марио Танковски, Павле Атанасијевиќ, Мартин Велковски, Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан, Филип Арсеновски и Милорад Кукоски.

Повикани од екипата на Еурофарм Пелистер 2 се Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Филип Арсеновски, додека отсутни се Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски, Бојан Маџовски (заради повреда ќе останат да работат во Битола), а Матео Мараш е на Европското првенство со хрватската репрезентација.

Е. Пелистер веќе одигра два контролни натпревари, во првиот славеше над Целје Пивоварна Лашко од Словенија со 32:30. Први стрелци во триумфот беа Периќ со девет и Табоада со шест голови.

Во вториот битолчани беа подобри и од Сесвете (Хрватска) со 30:25, и на овој дуел Периќ беше прв стрелец со шест погодоци, по четири имаа Атанасијевиќ, Костески и Табоада.

Најавен е и трет пријателски меч, со хрватскиот ППД Загреб на 28 јануари.

– Е. Пелистер ги дозна термините против ривалите во новата сезона на СЕХА Гаспром лигата 2021/22:

07.02.2022 – Партизан – Е. Пелистер
10.03.2022 – Е. Пелистер – Татран Прешов
22.03.2022 – ППД Загреб – Е. Пелистер
24.04.2022 – Е. Пелистер- Партизан
20.04.2022 – Татран Прешов – Е. Пелистер
17.05.2022 – Е. Пелистер – ППД Загреб

Осминафинале: 20/21.05.2022
Четвртфинале: 25-29.05.2022 – 04-05.06 2022
Завршен турнир: 02-04.09.2022

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот