„Ѕвездичката на Пинк“ порасна: Работам во сендвичарница за да преживеам

Марко Бошњак / Фото: Скриншот/Јутјуб

Победникот на втората сезона на „Ѕвездичките на Пинк“, сезона 2015/2016, Марко Бошњак денес има 19 години и вели дека работи во ресторан за брза храна за да преживее.

Талентираниот млад пејач неодамна гостуваше во утринската емисија на загрепското радио „Антена“, каде се пожали дека му е тешко да станува рано наутро бидејќи работи и трета смена во еден ресторан за брза храна во Загреб. Тој тврди дека работи на каса, но и дека одвреме-навреме ги чисти и подовите во ресторанот бидејќи мора да заработи за себе.


Бошњак неодамна се врати од Берлин, каде што студираше на Институтот БИММ, на насоката за Музички бизнис.

„Се разбудив една сабота и си помислив: ‘Зошто сум тука?’. Купив билет и во вторникот веќе бев во Загреб, каде си реков: ‘Ајде да работиме’. Многу бргу носам одлуки, на истиот начин како што одлучив да живеам во Германија. Тоа не е некоја храброст, на нас младите тоа ни е многу нормално, треба да се слушаш самиот себе и да го следиш својот пат. И јас имам црни денови, но настојувам на тоа да бидам добро“, изјави тој во емисијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот