Џони Деп и Ал Пачино ќе продуцираат филм за познатиот италијански сликар Модилјани

Фото: Принтскрин - Инстаграм - ЈуТјуб

Џони Деп и Ал Пачино ќе продуцираат филм за Амедео Модилјани, познатиот италијански сликар кој умре во сиромаштија во 1920 година, но подоцна стана познат по неговите слики на актови и портрети со издолжени лица и екстремитети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alpacino (@alpacino40)


Како што пишува „Hollywood Reporter“, Ал Пачино во осумдесетите сакал да сними филм за споменатиот сликар заедно со познатиот режисер Мартин Скорсезе, но на крајот се откажале од проектот.


Засега не се објавени детали за кастингот, но бидејќи Модиљани почина на 35-годишна возраст, тешко дека Деп или Пачино ќе го играат уметникот.


Филмот ќе биде адаптиран од драмата на Денис Мекинтајр „The Modigliani“, објавена во 1979 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Johnny Depp (@johnnydepp)


Сместено во 1916 година за време на критичниот период од животот на сликарот, во него се појавуваат и колегите уметници Морис Утрило и Хаим Соутин, како и поетесата Беатрис Хестингс, која во тоа време била љубовница на Модиљани. Тоа ќе биде втор филм на Деп како режисер, 25 години по неговиот вестерн „Храбар“ од 1995 година, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот