Џерард доби отказ од Астон Вила

Стивен Џерард во обид да ја врати Астон Вила на победничките патеки во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/Martin Sylvest

Стивен Џерард доби отказ на тренерската позиција во Астон Вила, откако резултатската криза во клубот се продлабочи по поразот од 3-0 од екипата на Фулам.

Џерард пристигна на „Вила парк“ во ноември 2021 година, напуштајќи го кормилото на Глазгов Ренџерс, тим со кој претходно ја освои титулата во Шкотска. Тој сепак не ги оправда очекувањата во Астон Вила, каде на 40 натпревари забележа само 13 победи и покрај неколкуте квалитетни засилувања што тој ги побара, а управата ги донесе во клубот.

„Му посакуваме на Стивен Џерард многу среќа во иднина, благодарни сме му за ангажманот и посветеноста, но принудени сме да направиме тренерска смена“, објави споуксменот на Астон Вила.

Маурицио Покетино е на врвот на листата со желби на тимот од Бирмингем, но Аргентинецот не е заинтересиран за преселба на „Вила Парк“. Меѓу останатите кандидати, тука се и Унаи Емери, Шон Дајш, Томас Франк…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот