Џенифер Гарнер советува како да гледаме на разводот кога бракот е на „климави нозе“

бен афлек џенифер гарнер
Фото: EPA/MATT CAMPBELL

Да се потсетиме, Џенифер Гарнер беше во брак со Бен Афлек од 2005 до 2018 година. Иако нивниот брак изгледаше совршено пред очите на јавноста, особено затоа што Бен и Џенифер беа навистина убав пар, а исто така според холивудските стандарди тие имаа навистина долг брак, но за жал целата приказната заврши сурово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)


Бен ја изневерил Џенифер со дадилката на нивните деца, а покрај тоа тој имаше и големи проблеми со зависност од алкохол и коцкање што беше долго време топ тема во медиумите.

Џенифер својот пријатен живот секогаш љубоморно го чувала и скоро никогаш не открива детали од нејзиниот љубовен живот, но неодамна во една прилика „мртва ладна“ изјавила дека е пресреќна што Бен ја изневерил. Иако новинарите, а потоа и фановите останале шокирани кога ја слушнале оваа изјава од актерката, Џенифер сепак објаснила сè убаво во врска со оваа нејзина изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)


Актерката истакнала дека е пресреќна со начинот на кој се одвивала целата ситуација со нејзиниот брак затоа што тоа ја направило посилна личност. Секако, она што го направил Бен многу ја повредило, но по траумата конечно дознала колку вреди, но и дека е крајно време да почне да се става себеси на прво место.

Потоа, исто така, сфатила дека нивната врска во одреден момент станала навика и дека не треба да бидеме робови на таа навика бидејќи е исклучително штетна за нас. Таа исто така изјавила дека прељубата на Бен не е единствената причина за нивниот развод и дека врската со Бен, колку и да завршила грубо, ја научила многу за животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)


На крајот на краиштата, уште пред аферата со дадилката, тие веќе живееле одделно и било јасно дека нивната врска полека умира. Додава и дека никогаш не би го вратила времето назад и да го промени тоа што се случило и дека повторно би го поминала истото со Бен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)


Џенифер и Бен се имаат запознаено на снимањето на еден заеднички филм, а од бракот имаат три деца: Вајолет, Серафин и Самуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот