Џамбаски: Во Македонија е всаден антибугаризам, да живее бугарска Македонија и бугарската нација од Охрид до Црното Море

Фото: Ангел Џамбаски/Фејсбук

На 130-годишнината од формирањето на организацијата на македонските и тракиските Бугари и 120-годишнината од избувнувањето на најголемото и организирано востание – Илинденско-преображенско, се собравме на кејот до Вардар да го одбележиме споменот на големата Бугарка и да пружиме помош, поддршка и заштита на нашиот народ браќата Бугари во Македонија, објави Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, на својот Фејбук профил откако денеска беше во Скопје на одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева, каде што стотина поддржувачи на нејзиниот лик и дело се собраа на Кејот на Вардар пред спомен-плочата на Бунева, каде што положија цвеќе.

„Нема да дозволиме никој да биде прогонуван за правото на национална самоопределба.Ние не сме непријатели на Македонија и Бугарите тука треба да можат да учествуваат во општествено-политичкиот живот во државата. Застанете заедно, а не да бидете нападнати. Брутални беа загубите врз културните клубови во Битола и Охрид. И ова се случува затоа што политиката и пропагандата во Македонија всадија антибугаризам. Бугаринот и понатаму е насаден како непријател Но, заклучокот од денешницата треба да биде:Бугарија и Бугарите не се непријатели на Македонија“, напиша Џамбаски на својот Фејсбук профил.

Тој им се заблагодарам на сите бугарски патриоти од сите политички, младински и културно-просветни организации, со кои денес бил на кејот на Вардар, во одбрана како што напиша на македонските Бугари.

„Да живее обединета и неделива бугарска нација, од Охрид до Црното Море и од Дунав до Белото Море.Да живее бугарска Македонија, да живее Бугарија, напиша Џамбаски.

Зошто Мара Бунева е камен на сопнување во историјата меѓу Скопје и Софија ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот