Две државни институции со две различни мислења за контровезниот „Сончев град“

Фото: Слободен печат

Судијата Осман Шабани од скопска единица уште на самиот старт на рочиштето за „Топлик” поради неоснованиот приговор и реакција на адвокатот Часлав Станојевиќ, бранител на дел од обвинетите во случајот на СЈО, му „подели” опомена пред казна. Реакцијата на адвокатот беше во однос на листата на судот дал денес треба или не да сведочи Александар Малинчевски, претставник на Државното правобранителство. Во овој случај првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според адвокатот и неговото толкување, тоа не значело дека токму овој сведок денес требало да сведочи, туку било кој, мислење кое експресно беше одбиено како неосновано.

Во декември лани, Министерството за транспорт и врски издало документ во кој Министерството за транспорт и врски на Северна Република Македонија не пријавило штетно побарување, односно било долкументирано дека нема штета во однос на државната каса. Но, на 22 јануари оваа година, Државното правобранителство направило вештачење на документацијата и утврдило дека има штета, односно оштетена е државата. Тоа споре одбраната на обвинетите е контрадикторно, посебно што две државни институции даваат две различни мислења.

На 20.10.2016 година СЈО поднесе обвинение за „Топлик“. Јанакиески и уште пет вработени во Министерството се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Според СЈО, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Штетата што ја направиле на државата е 65 милиони денари или милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот