Две диви копачки фатени со стари монети, детектори за метал и алат кај Свети Николе

Фото: МВР / илустрација

Две жени, едната од Скопје, а другата од Штип, се уапсени вчера откако биле запрени на автопатот Скопје-Штип кај Свети Николе, а полицијата во нивниот автомобил нашла предмети за кои се сомнева дека претставуваат културно наследство, како и копачи и детектори за метал, соопшти МВР.

„Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип. На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи“, се вели во полицискиот билтен.

Двете жени биле биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот