Две децении потоа кружат нови теории за убиството на Аркан, двоен играч или предавник

Жељко Ражнатовиќ Аркан како водач на „Тигрите“/ Фото: EPA PHOTO / EPA FILES

И по две децении поминати од тројната ликвидација во белградскиот хотел Интерконтинентал, кога беа убиени Жељко Ражнатовиќ, Миленко Мандиќ и Драган Гариќ, се уште не се разјаснети многу моменти па постојано се нижат разни теории на заговор на оваа тема.

Дали било класична мафијашка пресметка, или пак Аркан е убиен како дел од подготовките за смена на Слободан Милошевиќ, или пак дека ќе соработува со Хашкиот трибунал се само некои од верзиите кои кружат низ регионот во последните дваесет години.

За веројатноста Аркан да стане соработник на Хашкиот Трибунал пишуваа и германските медиуми.

– Се уште не е познато кој го наредил убиството на тогаш најмоќниот шеф на подземјето во Србија. Аркан во текот на својот живот доби безброј непријатели. „Во седумдесеттите и осумдесеттите години, тој го изгради своето име со ограбување банки и златари и спектакуларно бегство од затвори во бројни западноевропски земји“, наведува Штутгартер цајтунг“, тврдејќи дека Ражнатовиќ, покрај „кампањите за грабежи“ на Запад, извршувал и ликвидации на неистомисленици за тајната служба. „Неговите контакти во тајните служби го забрзаа подемот до озлогласениот шеф на паравоената војска во Југославија во 1990 -тите“, пишува весникот додавајќи дека позадината на неговото убиство се уште е обвиткана со велот на тајна. Вообичаена теорија е дека поранешниот автократ Слободан Милошевиќ го видел Аркан како можен сведок на обвинителството во Хашкиот трибунал – и затоа го отстранил. „Многу работи покажуваат дека тајните служби ги вмешале прстите во спектакуларното убиство“, проценува германскиот весник.

Адвокатот Душко Томиќ во една емисија откри некои од деталите околу можните мотиви за убиството на Аркан. 

– Што се однесува до неговите постапки во војната, тој документираше се како што треба од првиот до последниот ден. Неговото досие во Хаг беше со највисок квалитет. И единственото досие што исчезна од Хаг е неговото! Тој беше натпросечно интелигентен и сфати дека нашите луѓе ќе го пуштат да оди под мраз. Тој беше побрз и почна да ги пушта под мразот. Исто како несреќниот Маузер кој им даде информации на Американците и Французите, и на крајот заврши исто како Жељко, тој беше убиен од Службата – смета Томиќ и откри уште некои непознати моменти.

„Ражнатовиќ постигна договор преку човек од Холандија, едно жестоко момче, за соработка. Но, секогаш кога ги имал тие контакти, контактирал и со Службата за државна безбедност. Сакаше да си помогне на себе и на Службата, да не претерува со информациите, но да не биде несериозен, мораше да даде некои работи, да биде интересен. За возврат, му ветија дека никогаш нема да го гонат во Хаг – откри Томиќ и додаде.

– Жељко сфати дека го манипулираат, бидејќи истото им го ветија на многумина, па се закани и рече дека мора да се повлече се што кажал. Бидејќи тоа жестоко момче од Холандија и истражителот на Хашкиот трибунал беа исплашени за нивните животи, тие исценираа како да дојде инспекторот до бензинската пумпа да наполни гориво, и го остави досието на Ражнатовиќ на задното седиште, а потоа и пријателот на Жељко од Холандија дојде, го зеде досието и му го врати на Жељко. Но, тоа беше готово. Ражнатовиќ ја потпиша смртната казна. Тој им пречеше на сите овие величини кои беа во Хаг или кои беа испрашувани од Трибуналот. Тој им пречеше на сите бидејќи беше вклучен во сите тие настани и знаеше многу. Затоа плати со глава – уверува Душко Томиќ.

Меѓутоа, соговорникот на Курир, добро запознат со настаните од 90 -тите години, делумно ја потврдува информацијата на адвокатот на Томиќ, но наведува дека бил близу до суштината, но дека погрешно ја толкувал.

– Самиот факт дека Аркан одеше во Државната безбедност, пред средбата со хашките истражители, целосно ја поништува секоја теорија дека сакал да го продаде Слободан Милошевиќ. Ако навистина сакал да ја преаде државата, можеше да организира средбата со претставниците на Хаг која ќе биде целосно тајна. Ражнатовиќ ја имаше таа моќ. Тој со самото јавување во Службата, потврди дека сака само да ги измами истражителите и да пренесе важни информации за нашата земја – наведува и објаснува соговорникот на српски Курир.

– Каде што има чад, има и оган, но луѓето не знаат да го склопат мозаик. Значи, приказната за средбите со хашките истражители е вистинита, но во таа улога Аркан работел за нашата земја, а адвокатот Томиќ несвесно го потврдува тоа. Можам да прифатам дека западните агенти, кога го слушнаа тоа, им помогнаа на убијците бидејќи Ражнатовиќ ги измами, но дека ги предаде државата и Милошевиќ, таа теорија е бесмислена. Сигурно не се плашеше од затвор, па дури ни од смрт – открива соговорникот, кој помина низ сито и решето во деведесеттите години.

– Не исклучувам дека некој помогнал да се организира убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан од врвот на земјата, но тоа сигурно не беше Слободан Милошевиќ – заклучува соговорникот на весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот