Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 26 август годинава, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на возраст од 42 години, биле пронајдени 62 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 89,02 грама. Кај вториот осомничен, на возраст од 51 година, биле пронајдени 12 пакувања марихуана со вкупна нето маса од 18,47 грама и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Препорачано
– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за вториот осомничен поради здравствени причини предложи да биде определена мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
5час
-
7час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4


