Двајца прилепчани краделе во Кичево, полицијата ги уапси

Фото: МИА

Двајца млади жители на Прилеп биле уапсени во Гостивар, под сомнение дека украле возило во Кичево, како и дека се вмешани во други тешки кражби, соопшти МВР.

„На 18.05.2023 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.Ќ.(25) и Е.Ќ.(28), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на подрачјето на Кичево биле инволвирани во одземање на возило, казниво по член 242 од Кривичниот законик и во други тешки кражби“, велат од полицијата.

По целосното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот