Фото: Sergejs Rahunoks / Alamy / Alamy / Profimedia

Двајца малолетници во болница донесени во бессознание, пиеле алкохол во дискотека

Во текот на ноќта во два одделни случаи малолетници биле донесени во бессознание по консумирање алкохол во дискотека во Гостивар. Според информациите од Ургентниот центар во Гостивар, се работи за  малолетна девојка и малолетно момче.

Во 00:55 часот, од Ургентниот центар во Гостивар било пријавено дека малолетна девојка била донесена во бессознание.

Според првичните информации, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Речиси три часа подоцна од Ургентен центар Гостивар повторно било пријавено дека е донесен малолетник во бессознание, по истата причина – консумирање алкохол во дискотека.

Полицијата во двата случаи презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот