Два пожари во Кичево и околината

Пожар /Фото: Илустрација

Во изминатите 24 часа во Кичево и околината се случија два пожари, од кои едниот во градот каде беше опожарена барака и другиот во село Мидинци, каде беше опожарена поголема површина земјиште обрасната со нискостеблеста вегетација.

И двата пожари се изгаснати по интервенцијата на екипа на ТППЕ  Кичево, потврди командирот Горан Соколески.

-Во изминатото деноноќие на територија на општина Кичево регистрирани се два пожари. Првиот пожар се случи вчера околу 18 часот, кога беше  опожарена поголема површина обрасната со нискостеблеста вегетација во близина на селото Мидинци. Вториот пожар се случи рано утринава околу 2 часот, кога беше опожарена барака сместена во кругот на деловниот објект Набизи, лоциран на магистралниот пат Кичево-Гостивар.И при двата пожари нема повредени лица а материјалната штета и причините за нивната појава, допрва ќе се утврдуваат-истакна командирот Соколески. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот