Два британски града остануваат во трката за град-домаќин на Евровизија 2023

Евровизиски фанови со логото на Евровизија во Киев, Украина. Иако Украина победи во 2022 година, тие нема да го организираат музичкото натпреварување во 2023 поради тековната војна / 17 мај 2017 / Фото: EPA/TATYANA ZENKOVICH

Изборот на град-домаќин на 67. издание на Избор на песна за Евровизија, кое ќе се одржи следната година во Велика Британија, влегува во завршна фаза, соопшти Би-би-си.

Откако потесниот избор на град-домаќин беше намален од седум на два, Глазгов и Ливерпул остануваат во „трката“. За жал, Бирмингем, Лидс, Манчестер, Њукасл и Шефилд ја пропуштија шансата да го организираат музичкото натпреварување следната година.

Претседателот на комисијата, Фил Харолд им се заблагодари на градовите-кандидати што покажале голема желба за организирање на настанот.

„Бевме неверојатно импресионирани од квалитетот и креативноста на сите понуди“, рече Харолд.

Тој додаде дека Изборот на песна за Евровизија е многу тежок настан за организација, а Ливерпул и Глазгов имаат најквалитетна понуда според сите критеруми.

Конечната одлука ќе биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти Би-би-си.

Велика Британија беше избрана за домаќин на ова музичко натпреварување бидејќи годинашниот победник, Украина не е во можност да го организира настанот поради тековната војна. Британскиот пејач Сем Рајдер го освои второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот