Дурловски: Со ниски даноци, финансиска поддршка ќе овозможиме економски раст (ВИДЕО)

Конкурентните мали и средни претпријатија, се двигатели на економскиот раст во Македонија и во создавањето на продуктивни работни места. Оттука за подигнување на животниот стандард потребно е нивна системска поддршка, рече носителот на ИЕ 5, Игор Дурловски.

-Ќе работиме на градење на национална инфраструктура за потребите на брзорастечките и мали и средни претпријатија, како столб на идниот економски развој на земјата. Со намалувањето на даноците, борбата против сивата економија која ги руши темелите на економскиот систем, ќе биде заедничка. За младите до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, данокот ќе биде нула проценти. Финансиска поддршка ќе добијат невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање заради отворање на сопствени бизниси, како и финансиска поддршка за иновативни проекти- рече Дурловски.

Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 10% преку креирање на нови, потенцираше тој, високо квалитетни и доброплатени работни места. Силно верувам дека таквите економски политики ќе овозможат остварување на нашите стратешки приоритети и цели, повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот