Дурловски: Ќе ги зголемиме инвестициите во образованието на 5% од БДП и повисоки плати за наставниците (ВИДЕО)

Образованието е можност нашите деца да креираат подобра и посигурна иднина и да ги спротивстават сопствената индивидуалност, знаењето и вештините со своите врсници од Европа и светот – истакна Дурловски.

Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски денес даде изјава од Битола при што посочи дека програмата за „Обнова на Македонија“ ќе донесе доста реформи кои ќе помогнат на младите генерации во образованието и исто така на просветните работници.

– Знаењето го открива нашиот потенцијал, го развива и ни овозможува најдоброто од нас да го споделиме со другите. Образованието е можност нашите деца да креираат подобра и посигурна иднина и да ги спротивстават сопствената индивидуалност, знаењето и вештините со своите врсници од Европа и светот – истакна Дурловски.

Дурловски додаде дека овие неколку години граѓаните се сведоци на отсуство на политики кои креираат развој и унапредување на образованието во Македонија, во сите негови сегменти. Време е да се променат нештата.

-Ние мора да создадеме амбиент во кој императив ќе биде соодветната преобразба на младите. Новата образовна стратегија на ВМРО-ДПМНЕ нуди прогресивни и конзистентни образовни политики, мерки и проекти во насока на модернизација на образованието, подобрување на условите за стекнување на функционално знаење. Ќе ги зголемиме средствата за образование на 5% од БДП. Ќе направите реформа во средното стручно образование во функција на стопанството што ќе овозможи брзи вработувања на стручниот кадар во македонските компании. Ќе воведеме целосни стипендии за постдипломски студии и докторски студии за најдобрите студенти од државните универзитети во Македонија – појасни Дурловски.

Дурловски од Битола порача дека ќе се вработат најдобрите 200 студенти на државните универзитети во земјата. Програмата за „Обнова на Македонија“ ќе овозможи и модерна, образовна инфраструктура и дигитализација на образовниот систем.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот