ДСЗИ: Медицинската документација за починатото новороденче од Прилеп е уредно водена

Фото: МИА

Државниот здравствен и санитарен инспекторат констатираше дека медицинската документација и во прилепската болница и во Клиниката за детски болести од Скопје е уредно водена, а деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница и на Детската клиника за случајот со новороденчето од Прилеп кое почина на Клиниката во Скопје, се подготвува и ќе биде објавен во текот на денот.

ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето

Директорката на ДЗСИ, Рената Младеновска за МИА изјави дека ниту во Прилепската болница, ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити претходно, на прес-конференција најави дека ќе се формира стручна комисија за целосно расчистување на случајот. Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот, по пријава на родителите на починатото новороденче.

Бебето здраво и без проблеми се роди на 27 октомври во прилепската болница. По три дена со тешкотии во дишењето е префрлено на лекување во Клиниката за детски болести во Скопје каде, поради сепса почина по една недела.

На Детска клиника почина новороденче од сепса, било донесено од Прилеп во тешка состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот