ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето

Фото: МИА

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека денеска ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница, откако почина новороденче од сепса.

Новороденчето на 30 октомври било донесено од Прилеп на Детската клиника во Скопје во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.

Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира … немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, изјави синоќа директорката на Детската клиника Стојка Нацева Фуштиќ

Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот и рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.

Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

На Детска клиника почина новороденче од сепса, било донесено од Прилеп во тешка состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот