Државниот завод за статистика одбележува 75 години

Државниот завод за статистика на 1 јуни одбележува јубилеј – 75 години од своето постоење и по тој повод промовираше специјално посветена веб-страница за скромните почетоци и достигнувањата.

Посетителите на страницата може да се запознаат со краток историјат на македонската статистика и да разгледаат фото галерија од изминатите 75 години.

Поставени се и обраќања, по повод јубилејот, на директорот на ДЗС Апостол Симовски, премиерот Оливер Спасовски, министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Сoветот за стaтистика Благоја Марковски.

На страницата е посатевна и изложба подарени дела од Живко Поповски – Цветин, Статистиката не е само бројка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот