Државниот правобранител на Минесота ќе го води случајот на Џорџ Флојд

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тројца полицајци вклучени во инцидентот сè уште не се обвинети.

Државниот правобранител на Минесота, Кит Елисон денеска најави дека ќе го води случајот за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полициски службеник со нога го притисна на вратот за време на апсењето.

„Со голема сериозност ја прифаќам одговорноста на мојата канцеларија во овој критичен случај за смртта на Џорџ Флојд. Ќе ги вложиме сите ресурси за да стигнеме до правдата во овој случај”, напиша Елисон на Твитер.

Елисон ќе работи со адвокатот на округот Хенепин, Мајк Фримен, кој во петокот најави дека ќе поднесе обвиненија за убиство од трет степен и несовесно убиство од втор степен против отпуштениот полицаец Дерек Ковин, кој е прикажан на видео снимка како со нога му го пристиска вратот на Џорџ Флојд на улица во Минеаполис.

Тројца полицајци вклучени во инцидентот сè уште не се обвинети.

Семејството на Флојд претходно побарало од Елисон да го преземе случајот од Фримен, кој како окружен правобранител има тесна соработка со полицијата во Минеаполис.

Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот