Државјаните кои се бореле за ИСИС сакат да се вратат во БиХ, но властите ги блокираат

Спрoведувањето на планот за враќање во татковината на државјаните на БиХ кои се бореле во редовите на исламските терористички огранизации во Сирија и Ирак или таму претстојувале како членови на нивните семејства, е блокиран поради внатрешното препирање во БиХ, затоа што се уште не е воспоставено опративно тело кое тој процес ќе го координира и надгледува, објави сараевски „Дневни аваз“.

Американските власти кои во февруари од БиХ побараа да ги превземат своите заработени државјани во борбата против силите на т.н. Исламска држава (ИД) не сакаат да дозволат враќање на овие лица се додека повеќето министерства во БиХ не воспостават оперативно тело кое потенцијалните повратници ќе ги проверува со цел да се утврди нивниот точен идентитет и поврзаноста со земјата.

Во тоа тело би требало да има претставници од министерството за надворешни и надворешни работи, Обвинителството на БиХ, како и Агенцијата за истрага и заштита (СИПА), а пред неколку дена пропадна и последниот обид да се усогласи текстот за одлуката во која би биле дефинирани овластувањата на поединечни институции задолжени за проверка, огранизирањето на враќањето и превземањето на државјаните на БиХ кои сега се во некој од заробеничките кампови во Сирија или Ирак.

58 жени и 200 деца чекаат да бидат вратени

Членовите на семејствата на притворените припадници на терористичките групи, повеќето сопруги и деца, исто така преставуваат голем притисок на властите во БиХ и сакаат да го забрзаат нивното враќање во земјата.

Досега во земјата е вратен само Ибро Чуфировиќ од Велика Кладуша и сега е во затворот во Зеница кој е обвинет за тероризам и чека судење.

Според достапните податоци, за депортација во БиХ чекаат уште најмалку 14 поранешни припадници на ИСИС.

Но тука се и 58 жени и дури 200 деца.

Безбедносните агенции во БиХ имаат податок дека од 40.000 борци од 110 земји кои и се придружиле на ИСИС во 2012 година во Сирија и Ирак од БиХ пристигнале 260 лица, од кои 180 биле мажи. Во овие земји главно заминувале преку Турција, најпрво со авион, а потоа по легален пат до сириските боишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот