Драстично кратење на наградниот фонд, победникот на Мастерсот во Мајами ќе добие милион долари помалку

epa07469177 A general view of Hard Rock Stadium at the Miami Open tennis tournament in Miami, Florida, USA, 28 March 2019. Hard Rock Stadium is also the home of the NFL (National Football League) Miami Dolphins. EPA-EFE/JASON SZENES

По пауза од една година, АТП Мастерс турнирот во Мајами годинава ќе се игра од 22. март до 4. април.

Организаторот најави дека ќе биде дозволен ограничен број на навивачи на трибините, а карантинот за тенисерите нема да биде ригорозен иако тие ќе бидат сместени во „меур“.

Најголемата промена во однос на последното издание на Мастерсот во Мајами е драстично намалениот награден фонд.
Победниците на овогодинешното издание ќе заработат по 300.110 долари, што е за дури еден милион долари помалку од 2019 година. На последниот Мастерс во Мајами кој се играше  во 2019 година, победниците во машка и женска конкуренција, Рожер Федерер и Каролина Плишкова, заработија по 1.35 милиони долари.
Драстично намален е и вкупниот награден фонд кој за оваа година ќе изнесува само 3.34 милиони долари. Колку за споредба, на турнирот кој се играше 2019. година, наградниот фонд изнесуваше 16.7 милиони долари.

Олеснителна околност за тенисерите и тенисерките е тоа што нема да одат на задолжителен карантин како што беше случај со Австралија пред одигрување на грен слем турнирот. Сите играчи и членови на нивните тимови, пред да добијат дозвола да летаат кон САД ќе мора да достават негативен тест на коронавирус, а по доаѓањето во Мајами повторно ќе бидат тестирани. Вториот тест ќе биде по четири дена од нивното пристигнување во САД, а иако нема да има карантин, од играчите ќе се бара да се движат само од хотелот до тениските терени и доколку некој го прекрши ова правило може да биде парично казнет или дисквалификуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот