Ликот на Кармен го игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска

Драмскиот театар со претставата „Кармен“ учествува на театарски фестивал во Анкара

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС Анкара 2025. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција.

Годинава под мотото „Градот и театарот“ на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организации од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи театарските претстави и останатите фестивалски настани на повеќе сцени низ Анкара.

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“, во која ликот на Кармен го игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, учествувал на десетина меѓународни фестивали и тоа во Грузија, Молдавија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија, како и на десетина гостувања во нашата земја.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот