Драма во Шангај со среќен крај за Хуберт Хуркач

фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач е победник на Мастерсот во Шангај, Кина, откако во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљов со 6:3, 3:6 и 7:6 (8) после два часа и шест минути игра.

Ова е втора титула за Хуркач сезонава, првата ја освои во Марсеј, а вкупно седма во неговата кариера.

Хуркач подобро го отвори мечот, во шестиот гем направи брејк и поведе со 4:2. Во деветтиот гем ја искористи втората сет топка за 6:3 и водство во сетови.

Рубљов беше подобар во вториот сет, направи брејк уште на стартот и стигна до 3:0. После тоа, само ја задржуваше предноста до конечните 6:3 за израмнување во сетови.

Во решавачкиот сет Рубљов прокоцка брејк топка во третиот гем, а Хуркач пропушти меч топка при 5:4, на сервис на Русинот.

Во тај-брејкот рускиот тенисер поведе со 3:0. Недолго потоа беше и 5:2 за Рубљов, позитива која ја испушти. Полјакот се врати со серија од 3:0, па следуваше игра поен за поен до резултат 8:8. Хуркач направи уште еден мини брејк за 8:7, а потоа сервираше за победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот