Драма над московскиот аеродром, авион со 150 патници морал принудно да слета

Руски авион кој од Москва полетал кон Грозни морал принудно да слета на аеродромот „Шереметјево“ поради неисправност на системот за противпожарна заштита, пренесуваат медиумите. Во авионот имало 150 патници.

Два часа авионот летал во круг за да го потроши горивото, пред да може да слета.

Медиумите наведуваат дека станува збор за авион Ербас А320.

-Авион кој полетал кон главниот град на Чеченија, Грозни принудно слетал откако се огласил противпожарниот апарат. Пилотите два часа летале над аеродромот за да го потрошат горивото, а потоа авионот слетал на Шереметјево. Пожарникарите биле подготвени да реагираат ако има потреба, соопшти руската Служба за вонредни состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот