Драгана Мирковиќ полнолетството на синот ќе го слави во луксузен дворец во Виена

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ во својот луксузен двор во Виена ќе го прославува 18-от роденден на синот Марко.

Иако нејзиниот син е роден на 24-ти февруари, семејството одлучило славењето да биде сега со цел нивните пријатели и семејството да дојдат во што поголем број.

„Славиме денес затоа што оваа недела се слави и затоа што сите наши пријатели и семејство се раштркани низ целиот свет, сега главно се слободни и можат да дојдат. Доаѓаат од сите краеви на светот, од Швајцарија, Германија…па до Америка, изјави гордо Драгана и додава дека на роденденот ќе има повеќе од 200 гости.

Забавата на Марко ќе биде одржана во нивниот двор и ќе бида прва од таков тип на тоа место.

„Желбата за прва прослава во дворецот беше на Тони и тоа му го исполнивме“, изјави низ насмевка пејачката и додаде дека наместо бенд, гостите ќе ги забавуваат светски позанти диџеи.

„Никој нема да пее. Желбата на Марко беше таа, а искрена да бидам и моја, да ангажираме само диџеи. Тоа за мене во некоја смисла е и големо растеретување. Моите деца не ја слушаат нашата музика, што сосема го разбирам бидејќи не живееме во нашата земја, а и во тие години се кога слушаат некој друг вид на музика“, изјави Мирковиќ.

За подарокот не сакаше да открие ништо, освен дека не станува збор за скапоцен автомобил.

„Ние на Марко за 16-тиот роденден му купивме мерцедес, кога започна со часовите за возење. Тогаш го возеше во присуство на еден член од семејството, а потоа на 17 години доби и дозвола. За 18-тиот роденден доби нешто друго, но не можам да ви кажам што“, додаде Драгана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот