Досега има три, но не планира да запре: Ердоган гради нови палати во Турција

Фото:; screenshot/youtube

Турција, речиси две години, се наоѓа во тешка економска и финансиска криза, а курсот на турската лира е во слободен пад. Невработеноста, пред сè меѓу младите, со месеци е на високо ниво. И згора на тоа, во чекор одат и разноразните ограничувања како последица на пандемијата од ковид-19 која тешко го погоди туристичкиот сектор што важи за една од најважните гранки на турската економија, пишува „Дојче Веле“.

Жителите на Турција минуваат низ тежок период, па многумина се принудени да „го стегнат ременот“ или, како што направија голем број на млади, да заминат во странство. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган засега нема предлози за надминување на кризата, но затоа се познати неговите декадентни градежни работи.

Астрономскки раст на трошоците

И покрај критиките од опозицијата, Ердоган продолжува со изградба на милионски градежни проекти. На брегот на езерото Ван подигна палата која потсетува на онаа на селџучкиот султан Кејкубада од 13. век. Според податоци на турската Влада, палатата се наоѓа точно на местото на кое Алп Арслан, постави шатор пред битката кај Манзикерт во која Селџуците во 1071 година го победија Византиското Царство.

Токму поради годината во која се одржала битката, палатата на Ердоган се простира на површина од 1.071 квадратен метар, а за неа, според турските медиуми, досега се потрошени 14 милиони евра, иако првичните трошоци беа проектирани на 3,5 милиони. Градежниот изведувач, пак, според истите наводи, е колега на Ердоган од школските денови.

Уставниот суд на Турција пред една година ја запре изградбата на палатата, со образложение дека спречува пристап до морскиот брег, но Владата ја заобиколи пресудата со измена на законот.

– Тие може да стојат на глава, ама палатата ќе биде изградена, гласеше одговорот на Ердоган.

Во август во Алхати, на езерото Ван, Ердоган одржа свечен говор по повод годишнина од битката Манзикерт по што се упати кон блиската палата и симболично преноќи во неа.

– Поради алчноста на еден човек, брегот на езерото Ван е жртвуван за профит, рече пратеникот од Републиканската народна партија во турскиот парламент, Гулизар Бисер Карача.

– Додека милиони наши граѓани се борат со економската криза, еден единствен човек си дозволува дворец по дворец за себе, додаде тој.

Меѓутоа, таквите критики немаат ефект врз владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган. Заменикот претседателот на претставничкиот клуб на владејачката партија, Чахит Озкан, пак, одговори:

– Таа градба за нас претставува дом за целата нација.

Покрај споменатата резиденција, Ердоган гради и летна резиденција на средоземниот брег во близина на Мармарис. И тој проект, според медиумите во Турција, е исклучително скап и не ги зема во предвид еколошките стандарди. Палатата со 300 соби досега чини 37 милиони евра, а за нејзина градба се искорнати 50.000 стебла.

Трета палата

Уште една раскошна палата беше изградена во 2014 година. Тоа е службената резиденција на Ердоган во Анкара. Чинеше пола милијарда евра и сместена е среде природно подрачје што е под заштита на закон. Опозицијата и во тој случај испорача остри критики кои беа залудни.

На удар на критики се наоѓа и политиката на Ердоган на сеќавање која со се повеќе самодоверба го става османлиското наследство пред турската република и нејзиниот основач, Кемал Ататурк.

Раскошните палати на Ердоган, како и многу други градежни проекти во последните години, во голема мера се разликуваат од типичните монументални градби од периодот по основање на републиката во 1923 година. Тие се јасен архитектонски хоум ејџ на селџучко-османлиското минато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот