Домашен чај од јасмин

Чајот од јасмин можете да го направите и сами.

Земете 10 свежи цветови од јасмин и помешајте ги со 200 гр од вашиот омилен чај.

Во текот на ноќта чувајте ја смесата во херметички затворен сад.

По 24 часа отстранете ги цветовите и можете да го употребувате вашиот чај од јасмин.

Овој чај има благ мирис. За да добиете посилен мирис, повторете ја постапката трипати, но заменувајте ги сувите цветови со нови.

Еве како е најдобро да го направите чајот од јасмин.

Состојки:
1 лажица листови од јасмин
1,5 шолја вода

Подготовка:
Ставете ја водата во тенџере и варете ја две минути. Додајте ги листовите од јасминот и оставете да проврие. Намалете ја температурата и оставете ја смесата да се вари 2-3 минути. Потоа процедете ја мешавината и фрлете ги листовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот