Сезона на јасмин: Природен лек за добар на сон

Освен егзотично сензуална арома која опушта, чајот од јасмин станува сè попопуларен благодарение на неговите бројни благодети за здравјето.

Решение за стресот
Кога сте под стрес ништо не може подобро да ве опушти од чајот од јасмин. Својствата на овој чај за подигнување на расположението го прават едно од најбараните природни лекови за депресија.

Го намалува обемот на струкот
Со помош на чајот од јасмин можете да се подготвите наскоро да „влезете“ во омилените фармерки. Овој чај ќе ви помогне да го намалите обемот на струкот. Можете да го вклучите во исхраната како замена за калоричните и газираните пијалаци.

Го одржува нивото на холестерол под контрола
Можете да заборавите на проблемите со високиот холестерол. Две шолји од овој чај дневно ги контролираат високите нивоа на холестерол и триглицеридите.

Благослов за дијабетичарите
Овој едноставен напиток има позитивни влијанија на предизвикувачите на дијабетес тип 2.

Природен лек за добар сон
Смирувачкиот ефект на овој чај е добар за луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Пијте само половина шолја чај половина час пред да си легнете.

Поттикнете го вашиот љубовен живот
Поделете шолја чај од јасмин со егзотично сензуална арома со вашиот партнер за да ја оживеете романтиката во креветот. Овој чај целосно ве опушта и ја буди вашата сексуална фантазија. Исто така познато е дека лачи сексуални хормони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот