Дојде крајот на „Алан Форд“: Најпопуларниот стрип во поранешна Југославија ќе престане да се објавува

Фото: Profimedia

Италијанскиот стрип „Алан Форд“ ќе престане да се објавува. Неодамна беше објавена јубилејната 650. епизода на стрипот, а неговиот творец Лучано Секи, познат под псевдонимот Макс Бункер, соопшти дека авантурите на тајните агенти ќе завршат наскоро.

„Морам да признаам дека се изморив од ‘Алан Форд’. Одлучивме дека ќе излегува уште десет броја и тогаш ќе дојде крајот. Алан Форд ќе го замени нов лик, овој пат женски. Ќе се вика Петра“, изјави Секи за „TGR Lombardia“.

Секи, заедно со илустраторот Роберто Равиола, го создаде „Алан Форд“ во 1969 година.

Приказната во стрипот ги следи авантурите на неколку тајни агенти од групата „ТНТ“ чие седиште се наоѓа во една цвеќара во Њујорк. Иако овие агенти се неспособни и мрзеливи, сепак кога станува збор за нивните сопствени интереси тие се интелегентни и итри, и секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Овие агенти се предводени од нивниот водач во инвалидска количка на кого сите му се обраќаат како „Број 1“, тој е парализиран старец со долга брада и голем нос чие право име и возраст не се познати.

Стандардните изданија на „Алан Форд“ се мал формат, секогаш во обем од 120 страници поделени на две сликички нацртани во црно-бела техника.

Иако во некои држави, како Франција и Данска, „Алан Форд“ не ја доби посакуваната популарност, овој стип стана важен дел од поп-културата во поранешна Југославија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот